Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Кралството Холандија Коп
Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма од новоименуван амбасадор на Кралството Холандија во Република Северна Македонија Дирк Јан Коп.
На церемонијата на предавање акредитиви, како што соопшти Кабинетот на претседателот, Пендаровски изрази голема благодарност за конзистентната поддршка од пријателска Холандија која од осамостојувањето на нашата држава е една од најголемите донатори и силен поддржувач на интеграцијата на Република Северна Македонија во ЕУ и НАТО.
– Холандија континуирано ни помага во реформите на судството, владеење на правото и јавната администрација, но и заштитата од дискриминација на ранливите и маргинализираните групи во општеството, а со цел да изградиме силни и независни институции кои се столб на секоја европската демократија. Холандскиот „строг и фер“ принцип се покажа како одлична формула за суштинска имплементација на реформската агенда и постигнување на европските стандарди во нашата земја, рече претседателот Пендаровски.
Претседателот Пендаровски изрази надеж дека многу скоро, на почетокот на мандатот на холандскиот амбасадор, Република Северна Македонија ќе го прослави формалното членство во НАТО, а со Европската унија ќе ги почне преговорите за полноправно членство.
– Тоа би било праведно и заслужено признание за досегашните постигнувања и реформските напори на Северна Македонија, рече претседателот Пендаровски и изрази очекување дека Холандија безрезервно ќе продолжи да и помага на Северна Македонија да се доближи чекор поблиску до европското семејство.
Амбасадорот Дирк Јан Коп истакна дека е почестен што е назначен како амбасадор во нашата земја и рече дека Холандија е докажан пријател на Северна Македонија од нејзината независност, во добри и во тешки времиња, со директна помош таму каде што е потребна.
– Северна Македонија помина низ многу предизвици и постигна многу во изминатите 28 години од нејзината независност која ќе биде одбележана за само два дена. Пред многу кусо време, вашата земја успеа да се издигне од многу тешка политичка криза, да го реши прашањето за името кое траеше со децении и да стане наш сојузник во НАТО. „И сонцето е ѕвезда“ како што имам слушнато, и се надевам дека еден ден ќе свети во нашата Унија“, изјави амбасадорот Коп.
Холандскиот амбасадор додаде дека како строг и правичен пријател, Холандија ќе продолжи да дава поддршка за Северна Македонија во спроведувањето на реформската агенда на Европската унија, особено кога станува збор за владеењето на правото и доброто владеење.
Ново на Сител
-

Светски мегдан за македонската кикбокс сениорска репрезентација
-

Кој стои зад обидите да се изигра спортската јавност? Кикбокс Маитаи федерацијата со жесток одговор
-

Астрономски цени на недвижности во Србија - 10.000 евра за квадрат во „Белград на вода“, гаражно место 66.000 евра
-

Изминатите четири дена приведени седум лица за безобзирно управување на возило, 2415 сообраќајни прекршоци
-

Австралија: И „Амазон твич“ забранет за лица под 16 години, „Пинтерест“ ја избегна забраната
-

Мицкоски од Тирана: Остануваме решително ориентирани кон европските интеграции и регионалната соработка
-

Британија открива мрежи за перење пари кои ја поврзуваат земјата со Русија
-

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2026 година е развоен, секоја ставка е внимателно проектирана
