Пејачката ќе оди во затвор: Синди осудена на затворска казна

Пејачката Ивана Стаменковиќ Синди наскоро оди во затвор.
Поранешната пејачка не го исплатила долгот од 160.000 динари што и беше обврска по пресудата зошто го навредувала Драган Крајновиќ, адвокат на нејзиниот поранешен маж Никола Павловиќ.
Првиот основен суд во Белград донесе одлука паричната казна да се замени со затворска во траење од 160 дена.
-Пресудата е донесена кон крајот на февруари и Ивана имаше рок од 3 месеци за да ја плати казната. Откако не го направи тоа, судот повторно заседаваше и неодамна е одлучена да биде осудена на четири месеци затвор. Таа е известена за сето тоа, но очигледно не го сфатила тоа сериозно штом до денешниот ден не го уплатила тоа, вели извор за српски „Курир“.
Откако стигна известување дека е осудена на затвор, Стаменковиќ вложила жалба и има намера да направи се само да не оди зад решетки.
-Ивана и нејзиниот адвокат не ја прифатија одлуката на судот и реагираа истиот момент. Таа смета дека не е виновна и тврди дека адвокатот кој го застапувал нејзиниот поранешен маж, со кој спорела околу старателството врз ќерката, ја испровоцирал. Таа дури се обидела со вилушка да го забоде во рамо адвокатот, вели изворот.
Ново на Сител
-

Приведено едно лице од гостиварско, пронајдена дрога
-

Зеленски: Русите ја нападнаа Украина со повеќе од 450 дронови и 45 ракети
-

Од патарина во првите девет месеци инкасирани 58,725 милиони евра, електронската наплата 35 проценти
-

Најмногу дожд изминатото деноноќие наврал во Пожаране и Попова Шапка
-

Трамп: Ниту еден американски претставник нема да патува на самитот Г20 во Јужна Африка
-

Почина нобеловецот Вотсон, еден од научниците што ја откри структурата на ДНК
-

Кривично ќе се гонат четири лица за организирање борби со кучиња
-

АМСМ: Возете внимателно, коловозите се влажни
