Бизнис
15. January 2018 - 16:46

Пазарџиите ќе добиваат лиценци - се регулира нивниот статус како вработени со пензиско и здравствено осигурување

Тезгаџиите на зелените пазари ќе добијат статус на вработени. Ќе им се регулира пензиското и здравтсвено осигурување, а за да продаваат ќе мора да извадат лиценца. Досега работеа само со договор за закуп на тезга и се водеа како невработени, а оние со регистрирани фирми плаќаа за книговодстсвени трошоци.

Од Комората на трговци која ќе ја издава дозволата не откриваат колку ќе ги чини истата.  Велат допрва ќе се утврдува. Фискалните каси пак се одоложени до влезот на земјава во ЕУ.

Сите измени се вградени во новиот Закон за трговија на пазарите, кој Собранието го изгласа минатата недела. Со законските решенија се очекува да се елиминира и проблемот со дивите продавачи.

Вкупниот приход во државната каса од работата на пазарите е над 5 милиони евра. Во земјава има повеќе од 20 000 регистрирани тезгаџии. А проценките се дека од дивите продавачи државата губи повеќе од 800 000 евра годишно.