Павлопулос: Решение на името и уставна ревизија за членство на ПЈРМ во НАТО и ЕУ
Решение на името што нема да шири иредентизам и уставна ревизија се предусловите за напредок на Македонија кон НАТО и ЕУ, според грчкиот претседател Прокопис Павлопулос.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, и покрај вчера потпишаниот договор, за Павлопулос предусловите за европска и евро- атлантска интеграција остануваат исти. Своите ставови, ги повтори на средбата со неговиот индиски колега Рам Хат Ковинд.
- Предуслов за напредок во однос на НАТО и Европската Унија за поранешната југословенска Република Македонија е решавањето на името на оваа држава. Бидејќи е познато дека името што денес го има оваа земја, уставното име, шири иредентизам. Треба да се реши прашањето со името, така што ова име да не шири иредентизам. А за да се случи ова, ќе треба да има ревизија на нивниот Устав. Ова е прифатено од сите и од самата држава, како што произлегува од договорот, што беше потпишан вчера во Преспа, рече грчкиот претседател на почетокот на средбата со претседателот на Индија кој е во дводневна посета на Грција.
Прокопис Павлопулос повтори дека Грција се стреми кон пријателски и добрососедски односи, ја поддржува европската и евро - атлантската интеграција на Македонија, но само доколку се исполнат поставените и договорените услови.
- За каква било покана за оваа држава, за интеграција во НАТО, како и отпочнување на било какви суштински пристапни преговори со Европската унија, предуслов е финализирање на ревизијата на Уставот и само тогаш ќе можеме да разговараме за оваа перспектива, нешто, што како што е познато, беше договорено, додаде Павлопулос.
Ново на Сител
-
Разбиена криминална група која тргувала со оружје во Косово и Албанија, уапсени 14 лица
-
Отстранети неколку диви депонии во Ѓорче Петров, Чаир и Бутел
-
Изгласани законски измени за забрзување на изградбата на делниците на коридорите 8 и 10д
-
Урош Блажиќ прогласен за виновен за масакрите во две села во Србија, осуден на затворска казна од 20 години
-
За викендот повремен дожд, снег и ветер
-
Ѓоковиќ ќе игра на турнирот во Доха
-
Кривична пријава за охриѓанец кој си изградил куќа без одобрение
-
Изгласан Законот за извршување на Буџетот за 2025