Партијата на премиерот Абе претрпе тежок пораз на локалните избори во Токио
Конзервативната Либерално демократска партија на јапонскиот премиер Шинѕо Абе претрпе тежок пораз на денешните избори за членови на Градското собрание на Токио, покажуваат излезните анкети од гласањето.
Како што јави ТАСС, според овие резултати, коалицијата предводена од партијата Токијците на прво место на градоначалничката на Токио, Јурико Коике, најверојатно ќе освои мнозинство во идниот состав на токиското Собрание.
Се очекува коалицијата на Коике да има меѓу 73 и 85 места во 127-членото Собрание на Токио. Од нив, меѓу 48 и 50 би биле членови на партијата Токијците на прво место.
- Се уште не ги знаеме конечните резултати, од податоците на излезните анкети изгледаат доста добри за нас. Многу сум им благодарна на сите грасачи, кои ја прифатија нашата програма, изјави Коике набрзо по затворањето на гласачките места.
Од друга страна, партијата на премиерот Абе може да се надева на меѓу 13 и 39 места, што ќе биде нејзин најлош изборен резултат во Токио. Либералните демократи досега има 57 места во Собранието.
Ново на Сител
-
Поднесена кривична за директорот и неколку службени лица на РЕК Битола
-
Бугарија реагира на изјавите на премиерот Мицкоски
-
СДСМ оди на избори на 16 март
-
За викендот облачно со краткотраен дожд, од понеделник постудено со дожд и снег
-
Мисајловски учествува на средба на министрите за одбрана на НАТО во Брисел
-
На ГП Богородица запленети 188 килограми марихуанa, приведени две лица
-
76 лица санкционирани во текот на вчерашниот ден затоа што возеле без возачка дозвола
-
Муцунски се сретна со австралискиот пратеник и министер за надворешни работи во сенка, Дејвид Колман