Руте: Путин знае дека ќе изгуби ако го нападне НАТО

Рускиот претседател Владимир Путин знае дека ако го нападне НАТО ќе добие поразителна реакција за него и ќе изгуби, затоа нека не се обидува, изјави генералниот секретар на Алијансата Марк Руте во одговор на новинарско прашање околу извештај на данското разузнавање дека „Русија се подготвува да нападне земја од ЕУ“.
„И Путин го знае ова. Одвраќањето и одбраната се многу силни. Она во што треба да се увериме е дека за четири или пет години од сега… сето она што тие го произведуваат ќе биде на ниво кое е навистина споредливо со она што го правиме ние“, рече Руте.
Затоа, според него, членките на НАТО мора да трошат значително повеќе за да се осигурат дека ќе може да се одбранат и за четири или пет години, а тие одлуки треба да ги донесат оваа година.
Запрашан за коментар за изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека „Украина може еден ден да биде руска“, Руте одговори дека НАТО „интензивно се координира со тимот на Трамп на сите нивоа и тоа се многу добри разговори“.
И, второ, да се осигураме дека што и да произлезе од тие разговори, кога и да се случат,… ќе биде одржливо, за да нема повторување на она што го имавме со Договорот од Минск во 2014 година, рече Руте, без директно да ја коментира конкретната изјава на Трамп.
На прашање за „зајакнувањето на арсеналот на хибридна војна“ од страна на Русија, Руте одговори дека можеби треба да престанеме овие активности да ги нарекуваме хибридни., бидејќи, како што рече, хибридно звучи мило, убаво, прекрасно.
„Тоа не е тоа. Тоа е државно спонзорирана саботажа, а во некои случаи дури и државно спонзориран тероризам. И е дестабилизирачки“, рече Руте.
Според него, НАТО треба да реагираме многу побрзо на овој тип на т.н. кибер напади и дестабилизирачки активности. – И тоа ќе го направиме затоа што не сме во војна, но не сме ниту во мир, додаде Руте.
Ново на Сител
-

Трамп го прекина интервјуто за Ен-би-си, ги нарече медиумите „расипани“
-

Во Скопје во еден ден пронајдени тројца починати мажи
-

Зеленски: Русија повторно ја гаѓаше нуклеарната централа Чернобил
-

Уапсени осум возачи за безобѕирно управување возило, пет биле без возачка дозвола
-

Првите полски туристи од Вроцлав слетаа на аеродромот во Охрид, почнуваат две нови авиолинии од Вроцлав и Катовице
-

Дарио Ивановски победник на „Охрид трчаТ“
-

Кривична за 29-годишен дебранец кој возел без возачка, пијан и ги нападнал полицајците
-

Николоски: За околу два месеци ќе добиеме модерен, проширен и целосно нов реконструиран аеродорм во Охрид
