Партијата на Орбан со најголема поддршка пред изборите в недела
Околу 50 отсто од гласачите во Унгарија поддржуваат реизбор на актуелниот унгарски премиер Виктор Орбан, покажува најновата анкета на Институтот „Незопонт“.
Според истражувањето напревно во пресрет на парламентарните избори закажани за в недела, половина од Унгарците ќе гласаат за конзервативната полулистичка партија Фидес - Унгарска граѓанска алијанса на Орбан.
Опозициската коалиција предводена од Унгарската социјалистичка партија (МСЗП) на Гергеј Карочоњ ужива 13 проценти доверба, по што следува либералната еколошка партија Политиката може да биде поинаква (ЛМП) за која се изјасниле осум,отсто од избирачите.
Истражувањето покажа дека ултранационалистичкото Движење за подобра Унгарија (Јобик) има седум отсто поддршка, а за социјал-либералната Демократска коалиција на Ференц Ѓурчањ би гласале три проценти од Унгарците со право на глас.
Анкетата е спроведена телефонски, за дневниот веснник „Маѓар“ во периодот од 19 до 23 март на репрезентативен примерок од 1.000 лица.
В недела, на 8 април, 7,9 милиони гласачи ќе треба да одлучат кој ќе седне на 199-те пратенички места во Парламентот на Унгарија.
Ново на Сител
-
Рибарските мрежи опасни по живиот свет во езерото
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Голема симулациска вежба на скопскиот аеродром
-
Беџети контра Ахмети: ДУИ не е за бојкот на изборите
-
ВМРО-ДПМНЕ до Пендаровски – Ако не може да помогне, да не и одмага на Македонија
-
Јанев: Контроли има, недостасува сообраќајна култура
-
Голема симулациска вежба на Скопскиот аеродром
-
Бизнис конфедерацијата на Македонија нуди излез од лавиринтот на минималната плата