Партиите од Коалицијата за Обнова на Македонија со поддршка за протестот на 18 јуни
Денес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. др. Христијан Мицкоски одржа состанок со претседателите на партиите дел од Коалицијата за Обнова на Македонија.
На состанокот претседателите на сите партии беа едногласни дека со секој поминат ден со СДСМ и ДУИ на чело на владата народот живее се полошо, криминалот е секојдневие, а сиромаштијата се повеќе ни се заканува.
Премногу е од оваа власта, е генералниот заклучок од средбата, констатација која што велат не е само нивен став, туку и на стотици илјади граѓани низ државата.
Претседателите на политичките партии дел од Коалицијата за Обнова на Македонија дадоа поддршка за протестот во сабота на 18-ти јуни, и сите политички партии учествуваат во негова подготовка и се поголема масовност на истиот.
Пораката која власта одамна одбива да ја прими е дека е премногу, и дека мора да се распишат предвремени парламентарни избори, за на чело на државата да застане политичка коалиција која ќе ја извади Македонија од кризите во кои СДСМ и ДУИ не втурнале.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Претрес во Судски совет
-
Тема на денот со Сефер Селими, политички аналитичар
-
Силјановска Давкова ги критикуваше ДУИ за Уставниот суд
-
Артан Груби се повлече од јавниот живот и ДУИ откако беше ставен на црната листа на САД
-
Сопругата на градоначалникот на Радовиш избрана на член на Судскиот совет, СДСМ обвинува за скандал
-
Укината пресудата за Беса Транс
-
Истрага за Онкологија – кој се ќе одговара за поигрување со човечки животи?
-
ЦГК: Општините и министерствата заедно трошат над 2 милиони евра годишно за адвокати