-->
-->
Парондо помошник во ЖРК Вардар
-->
Европскиот ракометен вицепрвак Вардар од денеска има засилување во стручниот штаб. Нов асистент на тренерот Ирина Дибирова во иднина ќе биде Роберто Гарсија Парондо, кој ќе биде на клупата заедно со Аце Станковски.
Парондо е актуелен помошник на Раул Гонзалез во машката сениорска репрезентација на Македонија и поранешен ракометар на Сиудад Реал. Тој настапуваше за унгарскиот клуб Будакалаш, а претходно за Пик Сегед. Тој е третиот шпански тренер во Вардар по Раул Гонзалез и Давид Дејвис Камара.
Екипата на Вардар се подготвува за настап во групната фаза од Лигата на шампионите што почнува во октомври. Првите натпревари за Парондо на клупата на Вардар ќе бидат на турнирот од регионалната ВРХЛ-лига следната недела во Подгорица.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЗНАМ не прифаќа владин партнер што „соработува“ со ДУИ, Касами тврди ќе се зголемува мнозинството
-
Аптеките бараат ослободување од обврската за објавување цени на интернет
-
Христијаните го празнуваат Велики четврток
-
Продолжен викенд
-
Преглед на вестите од светот
-
Денеска е Велики четврток, почнуваат велигденските празнувања
-
СДСМ обвинува за селективна правда за Кочани
-
ДЗР: 7,5 милиони денари потрошиле кандидатите за претседатели