Парламентарни избори во Косово
– Во Косово денеска се одржуваат парламентарни избори, на кои 2,075. 868 граѓани ќе можат да гласаат во 941 избирачки центар и 2,533 гласачки места. Во Косово со право на глас имаат 1,970.
944 граѓани, а во дијаспората 104,924 лица. Косовските граѓани во дијаспората гласаа вчера во 30 дипломатски претставништва, лоцирани во 19 различни земји.
На деветте парламентарни избори во Косово од прогласувањето на независноста учествуваат 28 политички субјекти, од кои 19 политички партии, пет коалиции, две граѓански иницијативи и еден независен кандидат.
Има и шест политички субјекти од српската заедница.
Според предизборните анкети и очекувањата на политички аналитичари, главната изборна битка ќе се води меѓу Движењето Самоопределување на Албин Курти, Демократската лига на Косово на Лумир Абдиџику, Демократската партија на Косово на Мемли Красниќи и Алијансата за иднината на Косово на Рамуш Харадинај.
Собранието на Косово има 120 пратенички места, од кои 20 се загарантирани за припадниците на малцинските заедници.
Српската заедница има 10 пратенички места, бошњачката заедница има три, турската заедница има две, ромската (заедницата РАЕ) има четири, а Горанската заедница има едно пратеничко место.
Изборниот праг изнесува пет проценти.
Ново на Сител
-
Осомничените кои набавувале сомнителен мазут можно е да одговараат и за екоцид
-
Тема на денот со Фани Каранфилова Пановска
-
Бубрежно болните на дијализа спас гледаат во трансплантација
-
Шокантни сведоштва
-
Ниту обвинителството ниту судот немаат против Јахоски да се брани од слобода
-
Власта бара итни оставки по интерпелациите, судски да свика седница
-
Антикорупциска ќе ги проверува тендерите во Министерството за дигитална трансформација
-
Започна изградбата на македонско-грчки граничен премин „Маркова нога“