Парламентарни избори во Исланд
Денеска во Исланд се одржуваат парламентарни избори, четири години откако коалицијата на левичарски и десничарски партии успеа да стави крај на кризите и скандалите во земјата, но неизвесно е дали повторно ќе освојат мнозинство.
Премиерката Катрин Јакобсдотир, лидерка на левичарското еколошко движење, ќе се бори за втор мандат во средина на политичка фрагментација, јави Бета.
Според анкетите, девет од десет партии во изборната трка би можеле да влезат во парламентот.
Коалицијата во заминување, која има 33 од 63 пратеници, се состои од различни партии – конзервативната Партија на независноста на ветеранот на исландската политика Бјарни Бенедиктон, Партијата на напредокот (десен центар) и движењето на премиерката.
Право на глас имаат 250.000 гласачи од вкупно 370.000 жители на Исланд. Првите резултати се очекуваат по затворањето на избирачките места.
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди се поблиску до владина коалиција
-
Продолжува претседателската кампања
-
Продолжува парламентарната кампања
-
Детектор: Близу 60% од граѓаните ќе гласаат на изборите - кампањата не влијаела на нивната одлука
-
23 години од масакрот кај Вејце