Парламентарни избори во Етиопија
Во Етиопија утрово беа отворени избирачки места за парламентарните и регионалните избори, кои се одржуваат и покрај сомнежите за нивниот кредибилитет и во позадината на конфликтот и глад во областа Тиграј.
Тоа е прв изборен тест за премиерот Аби Ахмед (44), кој вети дека ќе ја врати демократијата по доаѓањето на власт во 2018 година. Абиј, кој ја доби Нобеловата награда за мир во 2019 година, ослободи неколку илјади затвореници и го охрабри враќањето на опозиционерите во земјата, а исто така вети дека парламентарните и регионалните избори ќе бидат со највисока демократија во Етиопија.
Неговата Партија за просперитет, што има најмногу кандидати за парламент, е голем фаворит за освојување мнозинство и формирање влада.
Во Етиопија, пратениците избираат премиер кој ќе ја предводи владата, како и претседател чија функција е почесна.
Изборите беа закажани за август 2020 година, но беа одложени двапати, поради епидемијата на коронавирусот, а подоцна и поради логистички и безбедносни проблеми.
Право на глас имаат околу 38 милиони гласачи, но многу од нив нема да одат на гласање денеска бидејќи гласањето не се одвива во една петтина од 547 изборни единици во земјата.
Во повеќето од тие места, што беа погодени од насилство, вооружени немири или логистички тешкотии, гласањето ќе се одржи на 6 септември. Сепак, не е утврден датум на гласање во 38 изборни единици во областа Тиграј, каде властите спроведуваат воена операција од ноември.
Ново на Сител
-

Доделување на државната награда „22 Ноември“
-

Мицкоски ќе се обрати на свечена седница по повод Денот на албанската азбука
-

Белгија не е задоволна од ветените „гаранции“ за користењето на замрзнатите руски средства
-

Дипломати: Подготвен е нацрт на заедничката декларација на лидерите на самитот на Г20
-

Викендов облачно со дожд, од недела снег на планините и пад на температурите
-

Путин: Мировниот план на САД може да биде основа за мир во Украина
-

Трамп сака Украина да го прифати мировниот договор до четврток
-

Перински: Отворен Јавен повик за креирање на база на висококвалификувани експерти во Ресурсниот центар
