Папата телефонски му ја честиташе победата на Бајден на изборите во САД
Папата Франциск му ја честиташе победата на изборите на новоизбраниот американски претседател Џо Бајден, кој кога на 20 јануари ќе даде заклетва ќе стане вториот католички претседател на САД, по Џон Кенеди.
„Новоизбраниот претседател Џо Бајден утринава телефонски разговараше со папата Франциск. Му се заблагодари за благословот и честитките”, соопштија од тимот на Бајден.
Бајден изјави дека сака да соработува со Папата „на темелите на заедничкото верување во достоинството и еднаквоста на човештвото, на прашањата како што се грижата за маргинализираните и сиромашните, кризата со климатските промени и приемот и интеграцијата на мигрантите и бегалците во нашите заедници“.
Бајден, кој има ирско потекло, се школувал во католичко училиште, живее отворено во својата вера и речиси селкоја недела присуствува на миса во малата црква во неговиот роден град Вилмингтон, во сојузната држава Делавер.
Неговата победа, што медиумите ја објавија во саботата, се уште не е признаена од Трамп, кој тврди дека Бајден е избран со кражба на гласачките ливчиња.
На прашањето за Трамп во 2016 година, папата рече дека „лицето кое сака да гради sидови, а не мостови, всушност не е христијанин“. Трамп оваа забелешка ја опиша како „срамота што еден религиозен лидер става сомнеж врз нечија вера“.
Ново на Сител
-
Кривична за екс-началникот на Одделот за воздухопловство
-
Димитриевски со Валенсија избори осминафинале во Копа дел Реј
-
Артета: Топката во Лига купот е многу различна од топката во Премиер лигата и мора да се навикнеш на неа
-
Пуштање во употреба реконструирано фудбалско игралиште во Неготино
-
Украина ја нападна нафтената база во рускиот град Енгелс, која служи за стратегиски бомбардери
-
Намалени и извозот и увозот, трговскиот дефицит до ноември лани 2,9 милијарди евра
-
Над 400 луѓе спасени од под урнатините на Тибет
-
Трошоците на живот во 2024 година зголемени за 3.5%, а цените на мало за 3.8%