Папата Лав Четиринаесетти повика на итен прекин на огнот во Судан и отворање хуманитарни коридори

Папата Лав Четиринаесетти повика на итен прекин на огнот и отворање хуманитарни коридори во Судан, велејќи дека со „длабока тага“ ги следи извештаите за тешки манифестации на насилство во градот Фашир, во суданскиот регион Дарфур.
„Неселективното насилство врз жените и децата, нападите врз беспомошните цивили и пречките за хуманитарните мисии предизвикуваат неприфатливо страдање“, рече папата во својата неделна молитва во Ватикан.
Тој ја повика меѓународната заедница да биде решителна за да ги поддржи напорите за обезбедување помош на жртвите.
Според Канцеларијата за човекови права на ОН, се верува дека стотици цивили и невооружени борци се погубени во Фашир, последното големо упориште на суданската регуларна армија во западниот регион Дарфур. Минатата недела тој падна во рацете на паравоените Сили за брза поддршка, со што заврши нивната 18-месечна блокада.
Папата Лав Четиринаесетти, исто така, посвети внимание на ситуацијата во Танзанија, каде што избувнаа немири по претседателските избори, што резултираше со жртви. Тој ги повика сите страни да се воздржат од насилство и да го следат патот на дијалогот.
МИА
Ново на Сител
-

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори
-

Шестмина починале во САД по консумирање готова тестенина
-

Централно претседателство на ДУИ одлучи да има партиски конгрес до декември, не се разговорало за оставки
-

Уапсен возачот кој усмрти велопедист кај мостот Гоце Делчев
-

Приведени тројца турски државјани за криумчарење мигрант
-

Хаќим Рамадани: Од денес сум невработен, барам работа само во приватни компании
-

Пронајдена граната од Првата светска војна во с.Отешево
-

САД не планираат нуклеарни експлозии, вели министерот за енергетика
