Папата и нареди на белгиска хуманитарна организација да престане да им нудат еутаназија на пациентите
Папата Франциско побара од хуманитарната организација на Белгиската католичка црква да престане да нуди еутаназија во своите психијатриски болници.
Организацијата Брадерс оф Черити во мај објави дека ќе им дозволи на лекарите да извршат еутаназија во 15 психијатриски болници.
Белгија и Холандија се држави каде лекари може легално да убијат пациент со психичко заболување и тоа на нивно барање.
Пациентите треба да бидат во состојба на „неподносливо страдање“, а најмалку три лекари меѓу кои и психијатар мора да бидат консултирани.
Католичката организација соопшти дека еутаназијата ќе биде спроведена само ако нема никакви разумни можности за терапија.
Ватиканската новинаска агенција јави дека папата побарал од Белгијанците да не спроведуваат еутаназија.
Ново на Сител
-
На жена од кочанско и зел 4000 евра ветувајќи и пензија, па ја прекинал комуникацијата со неа
-
Активни три пожари - кај Винче, на Кожуф и на патот Богданци - Гевгелија
-
ПМФЛ: Победи за Вардар и Работнички
-
Трамп: Путин ме разочара, навистина ме разочара
-
Жител на Чашка измамен за 14 илјади евра, му рекле дека ќерка му имала сообраќајка и треба да се оперира
-
Делови од Карпош и Центар утре без вода
-
Премиера на филмот DJ Ахмет на последниот ден од фестивалот Браќа Манаки
-
Турски државјанин повреден при извршување градежни работи на автопатот Гостивар - Кичево