Папата Франциск ги откажа сите аудиенции за денеска поради „лесен грип“
Папата Франциск ги откажа сите аудиенции за денеска поради „лесен грип“, се вели во соопштението на Ватикан.
Светиот Отец во сабота одржува редовни аудиенции со официјални претставници на Ватикан, како и приватни состаноци.
Здравствената состојба на Папата, кој оваа функција ја извршува од 2013 година, веќе извесно време е нестабилна. Во последните месеци, поглаварот на Римокатоличката црква, која обединува повеќе од 1,4 милијарди католици ширум светот, имаше неколку напади на воспаление на дишните патишта.
Минатата година 87-годишниот папа Франциск двапати беше хоспитализиран на клиника во Рим, вклучително и за операција на абдоменот. Тој често користеше инвалидска количка за време на јавни настапи поради болки во коленото.
Папата беше принуден да го откаже планираното патување на климатскиот самит КОП28 во Дубаи минатиот декември поради последици од грип и воспаление на белите дробови.
Следната сабота во Ватикан е планирана приватна аудиенција на папата Франциск со германскиот канцелар Олаф Шолц.
Ново на Сител
-
59 годишник допирал по тело малолетник во парк во Чаир
-
Зајакнување на оперативната соработка и заедничко профилирање на ризици со Царината на Турција
-
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ утре во официјална посета на земјава
-
Кисела Вода со целодневна програма го одбележува својот патронат-Ѓурѓовден
-
„Мет-гала“: Ријана третпат бремена
-
Герасимовски: Доделуваме 10 илјади денари за возачки испит на младите, безбедноста во сообраќајот е најважна
-
Мерц за шест гласа не успеа да биде избран за канцелар во првиот круг гласање
-
Арсенал заинтересиран за трансфер на Родриго