Папата Францис ја започна посетата на Куба
Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско, синоќа допатува во кубанскиот главен град Хавана, со што официјални ја започна тридневната посета на Куба.
По пристигнувањето на хаванскиот аеродром, папата го поздрави подобрувањето на односите меѓу Куба и Ватикан и ги охрабри кубанските власти да продолжат со давањето слобода на Црквата „да ја извршува нејзината мисија“.
Понтифот при тоа ги повика Куба и САД да продолжат со затоплувањето на односите и да преставуваат пример за слични ситуации во светот.
- Веќе неколку месеци сме сведоци на порака што не исполнува со надеж за нормализација на односите. Ги повикувам политичките лидери да продолжат по тој пат и да бидат пример за помирување за целиот свет, нагласи папата.
Кубанскиот претседател Раул Кастро, кој го пречека папата на аеродормот „Хозе Марти“, му се заблагодари за неговата улога во поттикнувањето на САД за подобрување на односите со Куба, по повеќе од половина век непријателство.
Според најавите од Ватикан, за време на оваа трета посета на еден папа на Куба, можно е Францис да се сретне и со поранешниот кубански лидер Фидел Кастро.
Од Куба папата во вторник ќе замине во повеќедневна посета на САД, каде ќе престојува во Вашингтон, Њујорк и Филаделфија. Францис при тоа ќе биде првиот папа во историјата што ќе се обрати во американскиот Конгрес, а ќе одржи говор и во Генералното собрание на ОН.
Ново на Сител
-
Американската администрација проверува податоци за 55 милиони иматели на визи во САД
-
Отворање на понудите за трет мобилен оператор, граѓаните со очекувања, пазарот со предизвици
-
Осум активни пожари низ државата
-
Дрон уништи конвој на ОН со храна за гладните во Дарфур
-
Без вода дел од општина Центар
-
Поради технички зафати без струја неколку улици во Бутел, Центар и Аеродром
-
Променливо облачно и ветровито со локален дожд и грмежи
-
Ангелов: Силниот ветер ја влоши состојбата со пожарот во „Јасен“, но не се повлековме и ги сопревме пламените јазици