Американската администрација проверува податоци за 55 милиони иматели на визи во САД
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги проверува податоците на повеќе од 55 милиони лица кои имаат важечки визи во САД, за да утврди дали постојат одредени прекршувања што би можеле да доведат до нивна депортација.
Американските медиуми наведуваат дека овој чекор значи заострување на мерките против странците на кои им е дозволено да останат во САД.
Стејт департментот соопшти дека сите иматели на американски визи, вклучително и туристи од многу земји, се предмет на „континуирани проверки“ кој утврдува каква било индикација дека тие не се подобни за добивање дозвола за влез или престој во Америка.
Доколку се откријат такви информации, нивните визи ќе бидат одземени и тие ќе бидат депортирани.
Откако претседателот Доналд Трамп ја презеде функцијата, неговата администрација се фокусираше на депортирање на нелегални имигранти во САД, како и на иматели на студентски визи.
Новата мерка на Стејт департментот покажува дека тековниот процес на проверка е многу поприсутен и би можел да значи дека дури и на оние на кои им е одобрен престој во САД би можело нагло да им биде одземена дозволата за престој, пренесуваат американските медиуми.
Стејт департментот изјави дека процесот бара индикации како што се пречекорување на рокот на престој на визата, криминална активност, закана за јавната безбедност, вклучување во каква било форма на терористичка активност или давање поддршка на терористичка организација.
Службениците велат дека прегледот на податоците на сите носители на визи ќе ги вклучи нивните сметки на социјалните мрежи, полициските и имиграциските евиденции во нивните земји, како и можните прекршувања на американските закони додека се во САД.
Стејт департментот претходно оваа недела објави дека од враќањето на Трамп во Белата куќа, повеќе од 6.000 студентски визи се одземени поради пречекорување на рокот на престој или поради кршење на локалните, државните и федералните закони, како што се напад, возење под дејство на алкохол или дрога и поддршка на тероризмот.
МИА
Ново на Сител
-
Отворање на понудите за трет мобилен оператор, граѓаните со очекувања, пазарот со предизвици
-
Осум активни пожари низ државата
-
Дрон уништи конвој на ОН со храна за гладните во Дарфур
-
Без вода дел од општина Центар
-
Поради технички зафати без струја неколку улици во Бутел, Центар и Аеродром
-
Променливо облачно и ветровито со локален дожд и грмежи
-
Ангелов: Силниот ветер ја влоши состојбата со пожарот во „Јасен“, но не се повлековме и ги сопревме пламените јазици
-
Претседателката Сиљановска-Давкова ќе ги отвори 64. Струшки вечери на поезијата