-->
-->
Папа Франциск: Вакцинацијата е чин на љубов
-->
Вакцинацијата против ковид-19 е „чин на љубов“, изјави денеска папата Франциск, повикувајќи ги верниците да се вакцинираат. „Вакцините даваат надеж дека пандемијата ќе заврши, но само ако се достапни за секого и ако работиме заедно“, рече поглаварот на Римокатоличката црква во видео пораката во која ја поддржа кампањата за промовирање на вакцинацијата.
„Да се биде вакциниран е чин на љубов, и придонесот за повеќето луѓе да бидат вакцинирани е чин на љубов. Љубов кон себе, љубов кон семејството и пријателите, љубов кон сите“, наведе 84-годишниот папа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Градежниците и портокаловата фаза
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-
Поплавени куќи, свлечишта, над 200 пријави за штети во Тетовско
-
22735 членови ќе гласаат за нов претседател на СДСМ
-
Истрага за смртта на бебето од Прилеп
-
Македонија со Влада, Мицкоски ја презеде премиерската функција
-
Муцунски во Луксембург: Европска агенда ослободена од билатерални прашања