Панов: Кавадарци континуирано вложува во спортот
Општина Кавадарци континуирано вложува во спортот и од 2013 до 2017 година се обезбедени над 15 милиони денари кои се директно вложени во спорот, рече на денешната прес-конференција кавадаречкиот градоначалник Александар Панов.
- Во спортските здруженија и клубови се исплатени над 11 милиони денари, а останатите се употребени за проекти, турнири и спортски манифестации, изјави градоначалникот.
Панов направи увид во градежните работи на северната трибина на градскиот фудбалски стадион во градскиот парк.
- Годинава со еден милион денари е реконструиран оградниот ѕид кој беш целосно урнат, санирана е трибината, а во фаза на изведба е поставувањето на дрвени седишта. Сето тоа ќе обезбеди одлични услови за следење на фудбалски и други натпревари на стадионот, нагласи Панов.
Потсети дека е извршено административно преземање на стадионот кој беше под концесија, пристапено е кон негова целосна реконструкција, а ќе се работи и на санирање на самиот терен, по што ќе се пристапи кон санација на јужната трибина.
Засега овој стадион, додаде, ги има стандардите за натпревари од ранг на втората лига.
- Што се однесува за другите зафати поврзани со спортот и младите, ова локална власт, Советот на општината и јас како градоначалник, во изминатите три години изградивме три тениски игралишта, едно повеќенаменско игралиште, асфалтиравме терен за повеќенаменски спортови во Глишиќ. Исто така ревитализирано е осветлувањето на теренот на СС „Јасмин“,поставени се 30 ефикасни лед рефлектори. Организирани беа квалификации за Евро баскет 2017. Поставени се фитнес справи за вежбање во кругот на Спортски центар „Јасмин“, а реконструиран и уреден е градскиот олимписки базен, информираше градоначалникот.
Посочи дека обновени се фудбалскиот турнир „Вуко Каров“ и кошаркарскиот турнир „Сестри Китеви". Потсети дека во Кавадарци се одржуваат и манифестациите „Спорски викенд", „Допри го Алшар“, „Трка на мирот“, „Опен фан фудбал“ и други спортски активности кои се организираат.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бобан Стефковски, градоначалник на Гази Баба
-
Муцунски бара дијалог и взаемна почит - Георгиев внесување на бугарите во Уставот за отворање поглавја
-
Во Минхен средба Муцински-Георгиев – Мицкоски ќе се обрати на конференцијата утре
-
Филков: Коцевски направи сериозни грешки како јавен обвинител
-
Не сме виновни за високите цени, доматите 120 во маркет, а откуп 30 денари, велат производителите
-
Кога ќе заврши епидемијата на голема кашлица во Скопје која трае повеќе од една година?
-
Театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп одбележува 75 години постоење во мизерни услови
-
Најава за продолжување на изградбата на стариот Струмички театар