Пакистанскиот Врховен суд го испитува потеклото на имотот на премиерот Шариф

Пакистанскиот Врховен суд започна постапка за испитување на потеклото на парите и богатството на премиерот Навиз Шараф, откако опозицијата и медиумите го обвинија за корупција и бараат од него да открие како го стекнал имотот.
Судската постапка доаѓа откако истражните власти објавија дека семејството на Шараф не го открива изворот на парите со кои располага и потеклото на имотот што го има купено.
Истрагата започна по објавувањето на „Панамските документи“, од кои се дозна дека децата на премиерот биле поврзани со оф-шор компанија кога ги купувале становите во Лондон.
По тоа откритие во пакистанската јавност се појавија обвинувања дека станува збор за компанија која се користи за „перење на пари“ за да се сокрие изворот на средствата.
Шараф ги демантира ваквите обвинувања, објаснувајќи дека становите во британскиот главен град се „легално купени“ и дека тој лично не располага со ниту еден од нив.
Тој ги обвинува опозицијата и медиумите, но и целата досегашна истрага дека сите обвинувања против него се „политички мотивирани“.
Опозицијата, пак, не верува во објаснувањата на премиерот и бара од него да поднесе оставка, затоа што, според неа, целото семејство ја користело позицијата на Шараф и политичкото влијание што тој го има за богатење на нечесен и нелегален начин.
Навиз Шараф засега одбива да се повлече од премиерската функција, но аналитичарите во Исламабад веруваат дека тоа ќе зависи од одлуката на Врховниот суд.
Полицијата денеска ги блокираше приодите кон зградата на Судот и постави бодликава жица, во обид да спречи евентуално насилство, обид за навлегување во зградата и судири на приврзениците и противниците на осомничениот премиер.
Ново на Сител
-

АХВ со препораки за безбедност на храната, водата за пиење и за заштита на животните во регионите каде има поплавување
-

Италија прв финалист во Дејвис купот
-

Трамп разговараше со Мамдани за трошоците за живот во Њујорк, го оценија состанокот како продуктивен
-

Без струја ул „Партение Зографски“ во Центар
-

Најмногу дожд во Лазарополе и Гевгелија
-

Венс: „Фантазија“ е да се помисли дека Украина може да победи со повеќе пари и оружје од САД
-

Доделување на државната награда „22 Ноември“
-

Мицкоски ќе се обрати на свечена седница по повод Денот на албанската азбука
