-->
-->
Пахор: Сите би имале корист од Отворен Балкан
-->

Претседателот на Словенија, Борут Пахор за албанскиот портал „Албаниан пост“ денеска изјави дека ги поддржува сите иницијативи кои придонесуваат за мир и стабилност во регионот.
Тој истакна дека Отворен Балкан има потенцијал да ја подигне економската соработка на целосно ново ниво и оти би придонел секоја земја „поединечно подобро да се подготви за Европска Унија”.
– Меѓутоа, сакам да бидам многу јасен за тоа, иницијативата Отворен Балкан не е алтернатива за членството во ЕУ, истакна Пахор.
Тој додаде дека „ниту една регионална соработка не е алтернатива за членството во ЕУ.
Пахор потенцира ги поддржува и Берлинскиот процес, Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), Регионалниот совет за соработка (РЦ).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Април или мај е најраниот термин доколку има предвремени избори
-

Тема на денот со Владимир Божиновски, универзитетски професор
-

Трамп најави крај на војната со Иран, берзите растат, цената на нафтата паѓа
-

Детонации и пожар од кабли предизвикаа паника во Кисела Вода
-

Уставните измени и изборите отворија нов фронт меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ
-

„Градски воз“ во Скопје од 1 септември
-

Повторно протест на 50-тина лица со договор на дело на Клиника за детски болести
-

Потпишан меморандум за соработка меѓу француската амбасада и министерството за култура
