-->
-->
Паднато дрво оштети три автомобили и скина кабли од бандерите кај „Млечен ресторан“
-->

Во Центарот за управување со кризи (ЦУК) преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 е добиена пријава за паднато дрво на улицата „Анкарска“ во Скопје кај популарно именуваниот реон „Млечен ресторан“. Паднатото дрво има оштетено три автомобили, а при паѓањето има скинато и кабли од бандера, информираат од ЦУК.
Нагласуваат дека полиција е на местото на настанот кој е пријавен и во ЈП ,,Паркови и зеленило" за да го отстранат паднатото дрво од улицата.
-Преку Секторот за операции и координација (СОК), паралелно со известувањето на Полицијата, се известени и координирани надлежните институции за санација на скинатите и откачени кабли, се посочува во информацијата од ЦУК.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

Терористички напад на плажа во Сиднеј
-

Мицкоски го повика Обвинителството да провери дали СДСМ крева паника со мигрантите
-

Мицкоски: Со „ЗНАМ” во Владата функционираме стабилно
-

Поранешниот правобранител Фехми Стафа е уапсен за земање поткуп од 50.000 евра за да влијае врз судија
-

Конференција на ЛДП: Проширувањето на ЕУ клучно за стабилна Европа
-

Мицкоски: Трезорот не се затвора утре - административците ќе добијат плата и К15
-

Возењето е успорено поради „Сејф сити“
