Конференција на ЛДП: Проширувањето на ЕУ клучно за стабилна Европа
Европската иднина на Западен Балкан е неопходност, а не алтернатива смета европратеничката и претседателка на Алијансата на либерали и демократи за Европа, Свенија Хан.
Таа појаснува дека проширувањето на Европската унија со земјите од западниот Балкан, претставува стратешка инвестиција за безбедна и обедината Европа.
Европската интеграција на земјите од Југоисточна Европа, беше централна тема на дводневната конференција „Каде оди Европа“ во организација на Либерално-демократската партија. Според претседателката, Моника Зајкова, иако Македонија донела тешки одлуки во име на европската иднина, сепак неизвесен останува нејзиниот европски пат.
Европратеничката Хан смета дека воведувањето на квалификувано мнозинство при одлучувањето во ЕУ е можно, вели, таквиот модел остава помал простор за блокади за билатерални прашања, а придобивки ќе имаат и ЕУ и земјите кандидати.
На конференцијата свое обраќање имаше и собранискиот спикер Гаши кој рече дека челнството во ЕУ е стратешка цел на државата. Преку видео порака се обрати и европратеничката Ирена Јовева според која на ЕУ и е потребно квалификувано мнозинство, бидејќи како што истакна, ветото е алатка за принуда, а не за заштита.
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
