Падна просечната плата
Падна просечната плата. Државна стастиситка пресмета просек од 36.280 денари за месец јули. Оваа сума е за 300 денари пониска за разлика од јуни. Најголемо намалување е забележано во рударството, скоро 8%. Зголемување, пак, е забележано во градежништвото – речиси 20 отсто.
На врвот на листата најплатени остануваат програмерите. Нивните месечни примања, во просек изнесуваат над 91 илјада денари. По нив се и вработените во научните дејности, производители на машини, оние во финансискиот и правниот сектор.
Меѓу најслабо платените и понатаму се работниците во кожарската индустрија – малку над минималецот.
Од организацијата на работодавачи велат дека може да доjде до целосно изумирање на оваа гранка.
„И кога во западноевропските држави постоеше кожарство и текстилна индустрија, тие гранки и тогаш беа со најниски плати. Беа некаде помалку од половината од просекот во тие држави. Ова ќе значи и понатаму пад на овие сектори и намалување на бројот на вработените. А нашите ИТ-фирми во суштина не произведуваат сопствени производи со сопствен бренд, туку произведуваат услуга за европските пазари“ – Ангел Димитров, организација на работодавачи.
Просечната бруто плата за јули, пак, изнесува околу 55 илјади денари.
-
Мартин Арсов
Сите содржини од овој новинар