Пад од 4,4% на прометот во индустријата за период од една година
Според најновите податоци од Државниот завод за статистика, во јануари годинава споредено со истиот период лани прометот во индустријата се намалил за 4,4%. При тоа, најголем пад се забележува во рударството, каде прометот е намален за 31,7%, прометот остварен и од трајни и од нетрајни добра за широка потрошувачка е намален за 7,8%.
И преработувачката индустрија бележи пад на прометот во последната година за 3,6%. Преполовување на прометот Статистика пресметала кај производството на тутунски производи, каде падот е 41,6%, производството на кожа е со пад од 56,8%, а преработката на дрво и производи од дрво со пад во јануари од 48,5%.
Во преработувачката индустрија позитивни се бројките кај производството на текстил, каде за период од една година се бележи раст од 6,6%, прометот од хемиски производи пораснал за 13,3%, а во производството на фармацевтски производи прометот се зголемил за 7%. За околу 20% се зголемил прометот кај производството на метали и електрична опрема.
Мирјана Јовеска
Ново на Сител
-

Хрватска го „скрши мразот“ за камионџиите: Долгорочни визи за спас од хаосот на границите
-

Тема на денот со Ерика Пирметс, експерт за дигитализација од Естонија
-

СДСМ го блокираше заемот од 260 милиони евра
-

Филипче: Власта води лицемерна политика
-

150 години од искрата што ја разбуди Македонија
-

Реакции и барање одговорност по протестот на албанските студенти
-

Поранешни судии, адвокат и нотар во трка за место во Судскиот совет
-

Депонијата во Радовиш гори петти ден, општината со препораки до граѓаните
