-->
-->
Пад на температурите и влажен бран - какво време не очекува викендов
-->

Денес во западните делови ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, околу пладне и попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат и поинтензивни, со пообилен пороен
дожд, засилен ветер и услови за појава на град. Подоцна попладне нестабилно ќе биде и во југоисточните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Утре во текот на денот нестабилно ќе биде во јужната половина од земјава, каде локално повторно има услови процесите да бидат поинтензивни. Поради спуштање на постудена воздушна маса, позначителна нестабилност
се очекува во петок кон сабота.
Во сабота во текот на денот ќе биде претежно облачно со засилен северен ветер и со повремени врнежи од дожд со ретки грмежи, пообилни во западните делови.
Засилен северен ветер и пониски температури ќе има до понеделник, а во недела можен е слаб дожд.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ГП Богородица: Колони за излез од Македонија
-
Мисајловски НАТО - Брисел
-
Наумоски - поголема заштита на рибниот фонд
-
Преглед на вестите од светот
-
Рекорден пад на невработеноста, но расте и бројот на вработени на црно
-
Тема на денот со Павле Трајанов, лидер на Демократскиот сојуз
-
Тројка надеж – во Клиниката Жан Митрев на свет донесени три предвремено родени бебиња во 31 гестациска недела
-
Одобрено е обвинението за случајот „Онкологија“, судењето дополнително ќе биде закажано