Пацоли: Србија да не злоупотребува една вообичаена полициска операција
Вицепремиерот и министер за надворешни работи на Косово Беџет Пацоли вели дека косовските граѓани уапсени во денешната полициска акција во северно Косово се „дел од мрежа која е длабоко вмешана во шверц, корупција, злоупотреба на службена должност и други видови организиран криминал“, јави дописникот на МИА од Приштина.
Пацоли, кој учествува на состанокот во Братислава на министрите за надворешни работи на Вишеградската група и земјите од Балканот – членки на Европската унија, преку својата страница на Фејсбук напиша дека денешната акција е дел од операција која е подготвувана со месеци и која последните денови се одвивала и во други делови на Косово.
– Косово сака да ја покаже својата решеност за борба против организираниот криминал, корупцијата и и злоупотребата на службената должност и ги повикуваме сите да ги поддржат таквите дејствија, напиша Пацоли.
Тој побара од Србија да не ја злоупотребува денешната полициска акција, за која вели дека е вообичаена активност усмерена против организираниот криминал.
– Ја повикувам Србија да не злоупотребува политички една вообичаена полициска операција. Ги повикувам да ја поддржат борбата против организираниот криминал и да не се противат на таа борба. Она што е битно е добросостојбата на сите заедници кои живеат во Косово и Владата на Косово гарантира дека тоа е нејзин висок интерес. Јас го осудувам повикот на српските власти за мобилизација на војската поради една обична полициска операција против мрежите на организиран криминал, напиша Пацоли.
Ново на Сител
-
Кривична пријава против четири лица и фирма за загрозување на животната средина со отпад во Трубарево
-
На жена од кочанско и зел 4000 евра ветувајќи и пензија, па ја прекинал комуникацијата со неа
-
Активни три пожари - кај Винче, на Кожуф и на патот Богданци - Гевгелија
-
ПМФЛ: Победи за Вардар и Работнички
-
Трамп: Путин ме разочара, навистина ме разочара
-
Жител на Чашка измамен за 14 илјади евра, му рекле дека ќерка му имала сообраќајка и треба да се оперира
-
Делови од Карпош и Центар утре без вода
-
Премиера на филмот DJ Ахмет на последниот ден од фестивалот Браќа Манаки