Македонија
13. March 2025 - 12:18

Пациенти алергични на полен ги полнат амбулантите

Матичните лекари, но и лекарите од Итната медицинска помош предупредуваат дека со цветањето на дрвјата, почнува сезоната на алергиите. Томица Наков лекар по општа медицина во Итната медицинска помош во Штип вели дека најчесто пациентите се алергични на поленот, кој е застапен во воздухот овој периодот од годината.

- Тие пациенти не се нови, туку тие си знаат дека имаат проблеми од поленот. Првична симптомалогија кај нив е течење на нос, сува и надрзнителна кашлица, кивање, печење и солзење на очите. Но, оваа симптоматологија може лесно да се превенира доколку пациеинтите навремено си ја земаат терапијата, изјави Томица Наков, доктор во Итна помош - Штип 

Превенцијата треба да започне пред појавата на поленот, односно пацинетите да почнат со терапија и на тој начин да го зголемат количествто на лекот во организмот. Исто така, не треба да се движат на места, каде што има повеќе дрва или цветови, во паркови или пешачки патеки низ зеленило.

- Изложувањето на такви места ќе ги зголеми симптомите. Доколку некои луѓе мора да се изложени на места со дрва и цветови може да се превенира освен со лекови и со носење на заштитни маски, додаде Наков

Алергиите не се преносливи и преставуваат индивидуална здравствена сосотојба на секој поединец.