Оздраве единствениот позитивен пациент на Ковид-19 во Пехчево
Оздраве единствениот позитивен пациент на Ковид-19 во Пехчево. Како што соопштија од Здравствен дом Пехчево, станува збор за вториот од двајцата брачни партнери, кои пред повеќе од еден месец беа позитивни на коронавирус.
-И двајцата пациенти беа во добра состојба по објавувањето на нивните позитивни тестови. Ова значи дека во Пехчево во моментот нема повеќе активни случаи на коронавирус, заради што се надеваме дека така и ќе остане, информираа од Здравствен дом Пехчево.
Во моментот во Малешевијата има само еден активен случај на коронавирус. Станува збор за пациент од Берово, кој пред една недела беше позитивен на корона-тест, што е вкупно 4 случај во оваа општина.
Во останатите општини од опкружувањето, подолг период нема регистрирани позитивни лица на вирусот. Македонска Каменица е единствената во државата каде од почетокот на пандемијата не е забележано присуство на Ковид-19.
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра