Овие монструми киднапираа и дрогираа девојче, го присилиле да има секс со 20 мажи
Девојче (14) кое е држено затворено 5 дена, дрогирано и присилено да има сексуални односи со 20 мажи, спасено е откако полицијата ја забележала како се обидува да побегне низ прозорец додека била во долна облека.
Тенејџерката во англискиот град Ковентри ја киднапирале тројца мажи кои нејзините фотографии ги објавиле на сајт за деловна придружба, тврдејќи дека има 18 години.
Џејк Каирнс (21), Брандон Шарплс (20) и Џек Мекинли (21) се осудени поради договарање на сексуална експлоатација на дете.
Кернс е прогласен за виновен и за креирање и дистрибуција на фотографии.
Сите тројца се уапсени кога полицијата влезе во куќа откако го здогледале девојчето како се спушта од прозорецот на бањата на првиот кат, облечено само во долна облека.
Покренале истрага за исчезнати лица бидејќи девојчето исчезнало од дома.
-Овие три мажи биле вклучени во шокантна експлатација на млада девојка, рече детективот Џон Баркер.
Кернс на почеток отфрлил дека го познавал девојчето, но подоцна ја сменил приказната откако е идентификуван во текот на постапката за идентификација.
Здружението за заштита на децата НСПЦЦ го пофали девојчето за неверојатната храброст.
-Овие предатори целеле на ранливото девојче и пружиле незамисливо насилство. Ова е вознемирувачки пример на начинот на кој злоставувачите манипулираат со своите жртви, наведувајќи ги да мислат дека немаат шанси да побегнат. Девојчето покажа неверојатна храброст и сега е најважно да прими поддршка за да се опорави од тие грозни искуства, рече портпаролката на Здружението.
Ново на Сител
-
Мицкоски очекува уште поголема наплата на приходите: Во минатото голем дел од тие средства завршувале во нечии џебови, а денес во проекти за граѓаните
-
Путин: Помирувањето меѓу Русија и Украина е неизбежно, тоа е прашање на време
-
Приведени две лица од Радовиш, сторители на 14 тешки кражби
-
Утре средба Мицкоски - Таравари, за премиерот е неприфатливо ако Таравари се договара со ДУИ
-
Во Битола затекнати 23, а во Охрид шест малолетници после полноќ
-
Министерство за туризам на Грција: Посетителите со кампери и приколки можат да се паркираат во организираните кампови
-
Шајнбаум: Го отфрлив предлогот на Трамп за испраќање американски трупи во Мексико
-
Мисајловски: Делчев не беше само водач, туку и инспирација за сите генерации кои се борат за правда и иднина на Македонија