Овчар од струшко силувал Холанѓанка
Вчера во 20.30 часот во Полициско одделение Велешта било пријавено дека бил извршен полов напад врз К.С.К. (55) од Кралство Холандија.
Истиот ден околу 14.30 часот во атар на с.Вевчани, додека оштетената сликала стадо овци, овчарот и се доближил и побарал тој да ја слика заедно со стадото.
Откако ја сликал, К.С.К. се поздравила со овчарот и тргнала кон своето возило. Во тој момент лицето со употреба на физичка сила ја турнало на земја, легнало врз неа и почнало да ја допира по интимните делови од телото.
Сторителот и се заканил со нож да не дава отпор и продолжил во намерата. Во еден момент оштетената успеала да се оттргне од него и се упатила кон возилото. Сторителот тргнал по неа, ја отворил вратата од совозачката страна и од нејзината чанта извадил паричник од кој одзел околу 2.000 денари, по што заминал во непознат правец.
По преземени мерки добиени се сознанија дека се работи за лицето А.А. (29) од с.Подгорци, струшко.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Фани Каранфилова Пановска
-
Бубрежно болните на дијализа спас гледаат во трансплантација
-
Шокантни сведоштва
-
Ниту обвинителството ниту судот немаат против Јахоски да се брани од слобода
-
Власта бара итни оставки по интерпелациите, судски да свика седница
-
Антикорупциска ќе ги проверува тендерите во Министерството за дигитална трансформација
-
Започна изградбата на македонско-грчки граничен премин „Маркова нога“
-
ЕУ перспектива?