-->
-->
Ова е човекот кој го уби синот на поранешниот германски претседател: Го слушал неговото предавање, па подоцна го избодел
-->

Фриц фон Вајцзекер (59), син на поранешниот германски претседател Рихард фон Вајцзекер, е убиен на приватна клиника во Белрин.
Вајцзекер држел предавање за црниот дроб кога после 55-та минута од публиката скокнал човек и го избодел.
Уште едн маж, кој бил полицаец и кој приватно присуствувал на предавањето, бил исечен по рацете и горниот дел од телото.
Засега не се знае мотивот на нападот, но се претпоставува дека напаѓачот имал психички проблеми. Полицијата извршила претрес во неговиот стан, но не било пронајдено ништо сомнително. Подоцна во текот на денот бил однсен на психијатриска проценка после што ќе се донесе одлука за притворот.
Веднаш после нападот присутните брзале да му помогнат на Вајцезекер, но оживувањето било залудно. Убиецот го држеле додека не дошла полицијата.
Инаку, Вајцзекер од 2005 година бил главен лекар на одделението за Интерна медицина во приватната клиника „Шлоспарк“ во која е и убиен.
Неговиот татко од 1981 до 1984 година бил градоначалник на Берлин, а потоа од 1984 до 1994 година и претседател на Германија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
СДСМ: Истрагата за Кочани е фарса под команда на ВМРО-ДПМНЕ и Тошковски
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДС сонува лоши сонови, наместо да ги прераскажуваат истите, нека се информираат за истрагата за Кочани
-
Пет лица уапсени во Куманово за брзо возење, едниот од нив имал 2.17 промили алкохол во крвта
-
ЕУРОСУПЕР БС-95 и дизелот поевтинуваат за половина денар
-
Следува период на променливо облачно и нестабилно време со повремен дожд, грмежи и ветер
-
Палевски: Не сум монструм, ниту убиец
-
Исчезнат велешанецот Стојче Пецевски
-
Уапсен 91-годишник кој пукал со оружје во Тетово, го пријавил неговиот 66 годишен син