Пет лица уапсени во Куманово за брзо возење, едниот од нив имал 2.17 промили алкохол во крвта
Полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово вчера лишиле од слобода пет лица по член 297А од Кривичниот законик.
Како што соопшти денеска МВР, М.П.(52) од Куманово бил лишен од слобода затоа што при контрола на патниот сообраќај било констатирано дека управувал патничко моторно возило „фолксваген туарег“ со брзина од 94 километри на час во населено место каде што дозволената брзина е 40 километри на час.
- Кај Ј.Н. (50) од Крива Паланка било констатирано дека управувал патничко моторно возило „фолксваген тигуан“ со брзина од 99 километри на час во населено место, каде што дозволената брзина е 40 километри на час. С.С.(18) од Куманово управувал патничко моторно возило „фиат“ со брзина од 91 километри на час во населено место каде што дозволената брзина е 40 километри на час, соопштија од МВР.
Лицето А.А.(40) од Куманово управувал патничко моторно возило „порше“ со брзина од 102 километри на час во населено место каде што дозволената брзина е 40 километри на час. С.В.(38) од Скопје бил лишен од слобода затоа што управувал патничко моторно возило „фолксваген голф“ под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2.17 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на настаните, против лицата ќе биде поднесена пријава по член 297А од Кривичниот законик „безобѕирно управување со моторно возило“.
Ново на Сител
-
Коцевски: Издадена наредба за приведување на седум нови полициски службеници за пожарот во Кочани
-
Едно лице повредено во сообраќајка во Аеродром
-
Затворена шахтата кај ТЦ Скопјанка во Аеродром
-
ИСВ: Путин има ресурси да води војна уште 12 до 16 месеци
-
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
-
На БиХ поради Република Српска и се заканува финансиски крах
-
Кривична пријава за „непријавување кривично дело или сторител“
-
ДКСК утврди регулаторни ризици во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер