Отворено и избирачкото место во село Спанчево во општина Чешиново-Облешево
По повеќе од едночасовно одложување поради технички проблеми, отворено е и избирачкото место во селото Спанчево во општина Чешиново-Облешево.
Од Општинската изборна комисија истакнаа дека успешно е внесена базата на податоци во уредот за идентификација со отпечаток на прст, со што граѓаните го остваруваат своето гласачко право.
– Имавме одложување при отворањето на избирачкото место број 887 во селото Спанчево што се појави поради проблеми со базата со податоци. По неговото отстранување гласањето почна десетина минути по осум часот. Поради тоа, на ова место ќе се пролонгира времето за гласање, односно тоа ќе биде отворено до 20 часот и 11 минути, истакна Виолета Јанева, претседателка на Општинската изборна комисија во Чешиново-Облешево.
Во општина Чешиново-Облешево во тек е гласањето за избор на градоначалник во вториот круг, при што запишаните 5390 граѓани гласаат на 13 избирачки места, од кои две се во селото Чешиново, а по едно во останатите населени места.
Ново на Сител
-

Кривична пријава против 40-годишна радовишанка, поради дојава за бомба во училиште во Радовиш
-

Ѓорѓиевски: Од понеделник 55 приватни автобуси ќе го засилат јавниот превоз во Скопје
-

Со Градскиот воз, БРТ системот и ЈСП скопјани конечно ќе добијат ефикасен јавен транспорт, кажа Ѓорѓиевски
-

Компанијата „Гунвор“ ја повлекува понудата за купување на „Лукоил“
-

Даме Димитровски нов претседател на Советот на Град Скопје
-

Мицкоски: Очекувам следната година нивото на инфлација да се движи меѓу 2 и 3 проценти
-

Директорот на Агенцијата за финансиска фатен како зема мито од 400 евра, финалната сума требало да биде 50.000 евра
-

Песков: Пауза во преговорите со Украина
