Речиси сите средношколци носат нож и боксирач во ранец за самоодбрана
Речиси сите средношколци во своите ранци носат ножиња и боксирачи за самоодбрана, ова го покажале истражувањата и разговорите со учениците од страна на Институтот за човекови права. Наставниците не смеат да им ги проверуваат ранците без присуство на родител или полиција.
Врсничкото насилство рапидно се зголемува изминативе пет години, булигот внатре во училиштата, физичко малтретирање, меѓутоа не изостанува и се поактуелното онлајн насилство на социјалните мрежи. Институтот утврдил и дека се развива и врсничкото насилство по етничка линија.
Причините за врсничкото насилство се различни, од социјален статус до трендови на социјални мрежи, вели директорот на Агенцијата за остварување на права на заедниците.
Покрај постоечките мерки во училиштата, потребно е разговор со децата од страна на родителите, да се зголеми довербата меѓу наставниците и учениците, но и да се разговара со педагозите и психолозите во училиштата. Да им се посочи на децата дека доколку физички се пресметуваат над 14 години може и кривично да одговараат.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар
