Отворени плажите во Грција

Под правила и протоколи, слични на оние од лани, со растојанија меѓу лежалките и чадорите, но без музика, како што е во кафулињата, од денеска се отворени плажите и бич баровите во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.
Со оглед на тоа што во земјата сè уште не се укинати сите рестрикции наметнати од карантинот, како и за секое движење, така и за на плажа, за граѓаните задолжително е испраќање смс порака.
Откако во средата беше соопштено дека организираните плажи ќе се отворат на 8 мај, во изминатите денови интензивно се работеше на подготовките.
Се местеа чадори и лежалки, кои треба да бидат на растојание од четири, односно два метри, дозволени се по две лица, освен ако не станува збор за семејство.
Задолжителна е употребата на антисептик и дезинфекција на лежалките.
За персоналот, задолжителни се маската и селф тестовите, односно тестовите за домашна употреба.
Отворањето на плажите, доаѓа една седмица пред официјалниот почеток на туристичката сезона во Грција.
Ново на Сител
-

Укинувањето на Пржинската влада пред пратениците
-

Седница на работните групи за Изборниот законик
-

Мицкоски: Интензивно се работи на реформската агенда
-

Доживотен затвор за „касапот од Штип“
-

Продолжува трендот на зголемен интерес за стручните училишта
-

Прилеп започнува со решавање на хаосот на најкритичните крстосници
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
