Отворени денови на Агенцијата за вработување во Дебар
Во рамки Отворените денови на Агенцијата за вработување, ваква активност денеска беше реализирана и во Центарот за вработување во Дебар, кој со својата активност ја покрива и општина Центар Жупа.
Со учество на поголем број невработени лица и работодавачи раководителот на дебарскиот центар Афет Авмедоски информираше за мерките кои се нудат со владиниот оперативен план за вработување.
- Во досегашниот период, почнувајќи од 2007 година, кога почнаа да се спроведуваат мерките од Оперативниот план забележани се повеќе од позитивни резултати, бидејќи бројот на невработените во евиденцијата е речиси преполовен. Посебно како многу успешни се мерката самовработување, преку која од 2007 година, годишно во просек се отвораат 30 до 40 фирми, при што 90 отсто се активни до денес. Исто така треба да се спомне и проектот „Македонија вработува“ преку чии поволности остварени се над 340 вработувања, рече Авмедоски.
Тој смета дека отворените денови се добра можност сите заинтересирани целни групи одблиску да се запознаат со поволностите кои се нудат со мерките за вработување и додава дека заинтересираноста е на задоволително ниво.
Сите невработени лица, како и работодавачите, нагласи Авмедоски, во секое време, за сите потебни информации може да се обратат кај вработените во дебарскиот центар за вработување.
Ново на Сител
-
Лазаров: Целта е исполнета, одиме добро да се подготвиме за средбите во Главната рунда
-
Опожарен бутик, нема повредени, зафатени фасадата од зградата, стан и две возила
-
Македонските ракометари се пласираа во Главната рунда на СП 2025
-
Двајца малолетници пронајдени мртви во гаража во Рашка
-
Првите три заложнички што ги ослободи Хамас префрлени во Израел
-
Горан Димовски го извлече Светиот Крст во Кратово
-
Јаневска: Реформите во образованието ќе значат поставување темел на успех и просперитет на државата
-
Повеќе од 35 проценти од училиштата во Србија утре нема да почнат со настава