Отворена полициска канцеларија во Пештани

СВР Охрид отвори полициска канцеларија во населбата Пештани со цел зајакнување на партнерскиот однос меѓу полицијата и граѓаните, излегување во пресрет на нивните потреби од безбедносен карактер и навремено решавање на безбедносните предизвици и состојби.
Полициската канцеларија, како што информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, се наоѓа во близина на регионалниот пат Охрид – Свети Наум и ќе биде отворена секој ден од 11 до 19 часот.
– Во овој временски интервал, граѓаните од Пештани и околните населени места ќе можат да остварат директен контакт со полициските службеници и непосредно да поразговараат за одреден безбедносен настан, да изнесат свои ставови за подигнување на степенот на безбедноста на подрачјето и да добијат навремена и точна информација што е предмет на нивниот интерес, изјави Димоски.
Ново на Сител
-   
           Мицкоски и Филипче повикуваат на масовност во втор круг
-   
           Завршни пораки на кандидатите за градоначалници
-   
           На полноќ почнува изборниот молк, утре гласаат болните и изнемоштени лица и затвореници
-   
           Условна казна за вториот напаѓач на градоначалничката Арсовска
-   
           Судење за случајот „Онкологија“, одбраната смета дека доаѓаат погрешни сведоци
-   
           За еден месец “Клексан” во аптека со рецепт
-   
           Македонија одбележа 25 години од резолуцијата 1325 на ОН - „Жени, мир и безбедност“
-   
           Преглед на вестите од светот







