Македонија
24. August 2015 - 18:08

Отворен повик за пријавување филмови за „Мобил Фестивал 2015“

Меѓународниот фестивал за филмови снимени со мобилен телефон „Мобил Фестивал“ 2015 објавува отворен повик за пријавување филмови за шестото издание, кое ќе се одржи од 25 до 29 ноември во Скопје.

Право да се пријават имаат сите филмови кои се снимени со мобилен телефон а истите претходно не биле пријавени на „Мобил Фестивал“. Должината на снимениот материјал не смее да биде подолг од 10 минути. Во конкуренција влегуваат сите филмови кои ќе пристигнат до крајниот рок за пријавување.

Краен рок за пријавување на филмовите е 20 ноември 2015 година. Филмовите кои ќе пристигнат по крајниот рок ќе влезат во конкуренција за следната година. 

Најдобрите филмови ќе бидат прикажани во натпреварувачка програма на Инернационалните фестивали кои се во мрежата фестивали за филмови снимени со мобилен телофон.

„Мобил Фестивал“ е во организација на продуцентската куќа КТ Филм и Медиа, поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија.

Оваа година , Мобил Фестивал 2015 преку својот партнер Мобил Филм Фестивал „1 Мобилен 1 Минута 1 Филм” од Франција ќе овозможи пријавување на филм на # climatechange, за кој ќе може да се освои награда од 30.000 евра.