Отворен повеќенаменски социјален центар во Струмица
![]()
Градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски заедно со министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, заменикот министер за надворешни работи Андреј Жерновски и амбасадорот на Бугарија во нашата земја, Ангел Ангелов го отворија повеќенаменскиот социјален центар во општина Струмица.
Центарот, лоциран во поранешната касарна во Струмица, е реализиран со финансиска помош од Владата на Република Бугарија преку бугарската амбасада, во висина од 270 илјади лева, а ќе биде наменет за самостојно делување и реализација на програмските активности на здруженијата од социјалната сфера.
Според министерката Захариева, овој проект е најголем кој го реализира бугарската влада оваа година.
– Целта на овој проект е граѓанскиот сектор кој работи во областа на социјалата да има тука канцеларии, место за обуки и место од кое ќе можат да им помагаат на граѓаните, рече министерката Захариева.
Додаде дека за оваа година бугарската влада помага во реализација на проекти во Република Северна Македонија со околу еден милион лева.
Градононачалникот Јаневски изрази благодарност до владата и амбасадата на Република Бугарија за финансиската помош за реализација на овој проект.
-Повеќенаменскиот социјален центар ќе претставува простор за самостојно делување и реализација на програмските активности и проекти во рамките на целните групи, создавање можности за полесна и побрза интеграција во општеството и социјална инклузивност, создавање можности за меѓусебна вмреженост и делување на здруженијата од социјалната сфера, како и на организации од други општествени сфери, рече градоначалникот Јаневски.
Заменикот министер за надворешни работи, Андреј Жерновски, истакна дека со ваквите проекти се потврдува дека на негувањето на добрососедските односи со Република Бугарија, како и на интензивирањето на долгогодишната соработка во сите области, се посветува посебен интерес.
-Посакувам оваа наша соработка да продолжи во овој правец и да поттикне нов дух во регионот. Докажавме една нова реалност на Балканот, дека две соседни земји ги надминаа минатите делби и создадоа меѓусебни односи на блиски пријатели, рекол меѓу другото Жерновски, соопштија од МНР.
Гостите од Бугарија заедно со нивните домаќини ќе присуствуваат на настапот на бугарски и македонски музички артисти, во рамките на концертната турнеја „One Love Tour“, кој се одржува вечерва во Градскиот парк во Струмица.
Ново на Сител
-

Во железничка несреќа во Чешка повредени 57 луѓе
-

Мицкоски: Добар одѕив за ваучерите за електронски уреди, до вчера 27.000 студенти ги подигнаа ваучерите
-

Јаневска: Ваучери за е-уреди се наменети само за студенти на додипломски студии
-

Пронајдени 10 мигранти, приведен 24-годишник од Албанија
-

Мицкоски за судењето за „Пулс“: Исклучувам секакво политичко мешање од страна на Владата во процесот
-

Меѓународен ден на детето: Со мировно образование до праведно и инклузивно општество
-

Уставниот суд поведе постапка за линеарнотo зголемување на пензиитe
-

Четворица од обвинетите за убиството на турски државјанин во Штип остануваат во притвор
