Отворен куп во кајак на диви води – слалом на реката Вардар кај Демир Капија
Отворен куп во кајак на диви води – слалом се реализира на реката Вардар кај Демир Капија. По пауза од 17 години, настанот го организира возобновениот Кајакарски кану клуб „Просек” Демир Капија, во соработка со Општина Демир Капија и Кајакарската Федерација.
– Учествуваат педесетина учесници од повеќе клубови од земјава и еден клуб од Србија. Се натпреваруваат во пионерска, јуниорска и сениорска конкуренција. Најмладиот натпреварувач има 10, а највозрасниот 69 години. Се тече во најдобар ред, истакнаа од „Просек” за МИА.
Најдобрите ќе добијат пехари, медали и подароци од спонзорите на првенството.
Задоволство од враќањето на традицијата со цел промовирање на демиркаписките природни богатства, како реката Вардар, но и спортот како здрав начин на живот, изрази и градоначалникот Лазар Петров. Тој потсети дека Демир Капија секогаш имала кајакарски потенцијал, а кајакарството како љубов се пренесува од генерации на генерации.
Ново на Сител
-
Масовна молитва во Тирана
-
Преглед на вестите од светот
-
Локалното население да се едуцира и да се вклучи во гаснење на пожарите
-
Тема на денот со Владимир Симоновски
-
ВМРО-ДПМНЕ: Рудникот е казнет и обврзан да ги преземен сите мерки од А-интегираната дозвола
-
СДСМ бара инспекторатот да побара одговорност од сите инволвирани во хаваријата од рудникот Тораница
-
Четворицата критични пациенти кои се во странски медицински центри и понатаму во тешка состојба
-
Во штипската болница отворен центар за рехабилитација на повредените во пожарот во Кочани