Отворен ден на вежбата „Одлучен удар 19“ во Скопје
Кај Портата на главниот плоштад во центарот на Скопје, вечер од 18:00 до 21:00 часот, граѓаните ќе имаат можност да проследат презентација на возила, вооружување и опрема која се употребува на воената вежба „Одлучен удар 19“.
На презентација ќе присуствува министерката за одбрана Радмила Шекеринска, вршителката на должност, амбасадор на САД, Микаела Швајцер-Блум, командантот на здружено оперативната команда генерал-мајор Павле Арсовски, претставници од градот Скопје, Министерството за одбрана, Армијата и Амбасадата на САД.
Присутните ќе имаат можност преку директна комуникација со учесниците на вежбата поблиску да се запознаат со борбените возила, вооружување и опремата, кои се употребуваат на оваа досега најголема воена вежба организирана кај нас.
„Одлучен удар“ е досега е најголема вежба реализирана во Република Северна Македонија во која учествуваат околу 2.700 војници од армии на шест држави.
Вежбата која се изведува во период од 5-ти јуни до 8-ми јули година на армискиот полигон „Криволак“ има за цел зајакнување на стандардните оперативни процедури на единиците од составот на армијата, подобрување на интероперабилноста и унапредување на заемното разбирање и доверба и зајакнување на меѓусебната соработка.
Ново на Сител
-
Бугарија со остри реакции на изјавата на Мицкоски – Бугарите во уставот е услов на ЕУ, не на Софија
-
Обвинителството нареди вонреден инспекциски надзор над загадувачите на воздухот во Скопје
-
Протоколите стигнаа до училиштата: Како до заштита од хибриден напад?
-
Во сезоната на грип евидентирани повеќе од 11 000 случаи
-
ССМ: Нема работници затоа што им давате ниски плати
-
Преглед на вестите од светот
-
Опозицијата предлага мерки за намалување на цените
-
Бројот на мигранти на јужната граница намален за 65%