Отстранети 50 кубни метри непрописно одложен отпад за време на новогодишната ноќ

ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје информира дека и во текот на новогодишната ноќ реализираше активности за одржување на хигиената и чистотата на јавните површини во Град Скопје и празнење на поставените садови за одлагање комунален отпад.
Веднаш по завршувањето на новогодишната прослава на плоштадот „Македонија“, екипите на ова претпријатие извршиле целосно расчистување на просторот на плоштадот, улицата „Македонија“ и пешачките мостови во централното градско подрачје. Притоа биле подигнати и транспортирани 20 кубни метри ситни отпадоци одложени на јавни површини.
- Во текот на новодишната ноќ беа отстранети и приближно 30 кубни метри отпад од диви депонии во скопските општини Гази Баба и Карпош. Интервенирано е на улицата „Душан Тасковиќ“ во населбата Железара и на булеварот „Илинден“, во непосредна близина на комплексот МИДА, стои во соопштението.
Ново на Сител
-

Јане Ченто поднесе пријава против Русковска за 27 април
-

Избегната трагедија во Охрид – Параглајдер слета меѓу луѓе
-

Семејното насилство во пораст, зошто мерките не даваат ефект?
-

Центар за хронични рани и гангрени ќе се гради во состав на геријатрија „13 Ноември” - Скопје
-

Почна реконструкцијата на Универзалната сала
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Дизелот ќе поевтини
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ знае само за блокади и предавства
