Семејното насилство во пораст, зошто мерките не даваат ефект?
Првите луѓе на полицијата и правосудството на заедничка дебата на собраниска комсија за еднакви можности меѓу жените и мажите. Одговараат на прашања од жените пратенички на надзорна расправа на тема семејно насилство.
Според статистичите податоци, во изминатите неполни две и пол години, зголемен е бројот на починати жени жртви на семејно насилство. Во 2024 година, имало пет случаи, лани биле регистрирани 11 жртви, а во првите четири месеци од годинава, веќе има пет трагични настани. Државниот обвинител вели иако делата од семејно насилство сега се гонат и без барање од жртвата, нема намалување на бројот на случаи на семејно насилство.
„Таква каква што е законската основа, впечатокот и во јавноста и лично мој е дека резулатите не се подобрени. Овој вид на криминалитет наместо да е намален е растечки“, изјави Ненад Савески, Државен јавен обвинител.
Од скопскиот кривичен суд во кој се судат најголем дел од предметите за семејно насилство, велат дека од почетокот на годинава, постапувале против 31 насилник, половината од нив завршиле во притвор..
„Од овие семјни насилнисци еден е осомничен за обид за убиство, двајца за тешки телесни повреди, шест за загрозување на сигурноста, а останатите за телесни повреди. Првостепено сме завршиле 39 кривични предмети, а нивното времтраење во прв степен е пет месеци. Од нив, дветмина сме испратиле во затвор“, изјави Даниела Димовска, В.Д претседател на Основен кривичен суд.
Со измени во законите, сега полицијата во случаите на семејно насилство, има поголеми овластувања. Паралено, според министерот за внатрешни работи, се спроведуваат и дополнителни обуки за полициските службеници.
„Во рамки на измените во законот за внатрешни работи, полиција и систематизацијата што се донесе, утврдивме ново одделение кое исклучиво ќе се занимава со семејно насилство, а ќе биде на ниво на држава, односно ќе биде во рамки на криминалистичката полиција кое што би требало да има воедначен одговор на проблемите од аспект на тоа каде и како се постапува“, изјави Панче Тошковски, Министер за внатрешни работи.
Надзорната расправа доаѓа после трагедијата во Скопје, кога заради семејно насилство, млада жена заедно со својата ќерка скокнаа од балкон во зградата каде живееле. Насилникот чека пресуда за делото наведување на самоубиство.
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
