Македонија
4. December 2024 - 10:34

Отстранети 40 кубни метри отпад од диви депонии во општините Гази Баба, Чаир и Ѓорче Петров

Во текот на изминатото деноноќие, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираа активности за отстранување 40 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани во скопските општини Гази Баба, Чаир и Ѓорче Петров.

„Расчистена е обемна дива депонија на улицата Чаирска во населбата Гази Баба, во непосредна близина на ООУ „Тефејуз“, каде што се подигнати и транспортирани приближно 15 кубни метри мешан комунален и кабаст отпад.

ЈП Комунална хигиена-Скопје повторно интервенираше и на булеварот Никола Карев (Пластичарска улица), каде што од јавни површини се отстранети 10 кубни метри мешан комунален, кабаст отпад и неколку автомобилски гуми.

На улицата Васил Чакаларов во непосредна близина на Порта Влае беа подигнати и транспортирани приближно 15 кубни метри непрописно одложен градежен и кабаст отпад, санитарии и отпад од картонски пакувања одложени на тревни и сообраќајни површини“, се вели во соопштението на ЈП Комунална Хигиена - Скопје.