Отстранет член на избирачки одбор во Чаир бидејќи агитирал на избирачко место
Член на избирачки одбор во Чаир е повлечен затоа што агитирал на самото избирачко место, соопштија од Државната изборна комисија. На неговото место е ставен нов службеник со што гласањето продолжува непречено да се одвива.
-Не знам за што и како агитирал, само знам дека тоа што го правел е строго забрането согласно законот. Повикана е избирачка комисија и како што е пропишано е извршена неговата замена – изјави денеска претседателот на ДИК, Оливер Деркоски.
Надвор од тоа, рече Деркоски, денот се одвива најнормално со мали ситни инциденти кои се санкционираат на време со асистенција на полицијата.
-Во целина нема посериозни нарушувања на целиот ден. Апелирам до граѓаните до крајот на референдумот до 19 часот да го искажат својот демократски капацитет – рече претседателот на ДИК и најави санкции до сите кои го прекршиле или ќе го прекршат законот.
Ново на Сител
-
СДСМ не исклучува разговори и со Таравари за локални
-
Преглед на вестите од светот
-
ССМ на првомајски протест
-
Традиционален првомајски пикник
-
Oхрид за првомајските празници исполнет со гости
-
Преглед на вестите од светот
-
Ќе бараат ли партиите разрешување на првата антикорупционерка?
-
Тема на денот со Александар Пандов, директор на управа за извршување санкции