-->
-->
Отровна Елса и Пони: Овие кукли се опасни по здравјето на девојчињата
-->

Агенцијата за надзор над пазарот во Босна и Херцеговина, им наложи на инспекциските органи да ги повлечат од продажба куклите "Cartoon Elsa".
Производот претставува хемиски ризик зошто содржи 3,65 отсто фталати, 2.71 отсто диизонил фталати и 0,26 отсто диоктил фталати, што не е во склад со Одлуката за ограничување на производи за деца кои содржат фталати, јавуваат босанските медиуми.
Поради опасната Елса, наредено е нејзино повлекување од пазарот и уништување.

Потрошувачите кои го купиле овој производ да престанат да го користат. Инаку детската кукла „Картун Елса“ потекнува од музиклот на Дизни „Фрозен“ кој е прогласен за најдобар филм, а јунаците станаа планетарно популарно меѓу децата.
Босанските инпектори два дена претходно од истите причина ја повлекоа и гумената играчка Мај литл пони. И девете играчки се произведени во Кина, и може да се сретнат и на македонскиот пазар.

-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Одбележан 8 ми Септември - Ден на независноста на Македонија
-
Партиите со честитки за Денот на независноста
-
Владата не верува дека линиите на Филипче може да бидат црвени
-
Голема НАТО вежба во Бугарија
-
34 години независна Македонија
-
Сиљановска: Нема услов кој Македонија не го исполнила
-
НАТО вежба во Бугарија
-
Во Струмица вечерва започнува 33-то издание на Фестивалот на камерен театар ,,Ристо Шишков“