-->
-->
Отошничка брана порибена со 102 килограми крап
-->

Во рекреативната зона „Отошница“ во општина Ранковце во браната на Отошничка Река беа пуштени 102 килограми крап. Порибувањето го изврши здружението Спортско-рекреативен клуб „Мрена“ од Крива Паланка., согласно годинашната Програма за порибување на концесионерскиот реон Крива Река 1 со кој стопанисува шест години.
- Браната Отошница е порибена со 102 килограми крап, согласно договорот кој здружението го има со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Порибувањето го вршиме втора година по ред, со донација од локалната самоуправа на Општина Крива Паланка и две компании кои стопанисуваат со мини хидроелектраните на Крива Река, сите придонесувајќи за збогатување на рибниот фонд на овој реон, информираше Александар Рангелов, претседател на „Мрена“.
Истакна дека порибувањето ќе го зголеми интересот на рибарите од регионот и соседство кои редовно доаѓаат на риболов во овој реон.
- Рибата е набавена од овластен репроцентар „Акватик“ од Неготино. „Отошничка брана“ покрај со крап изобилува со пастрмка, порибена во 2010 година. Во браната има и клен и попадика, додаде Рангелов.
„Мрена“ од Крива Паланка е едно од најстарите здруженија за спортско-рекреативен риболов во државата, формирано во 1954 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Дарко Аврамовски, коалиција Сите за правично судење
-

Глувци шетаат на таванот во тоалетот на студентскиот дом “Пелагонија”
-

Преглед на вестите од светот
-

Кривична пријава за Блерим Беџети за градба во Сарај, тој вели се врши политички прогон врз него
-

СДСМ: Дали во случајот со ИПАРД е вмешан и премиерот?
-

„Почекајте ќе видите“ - вели Мицкоски
-

Мицкоски без детали од разговорите за реконструкција на Владата
-

Александар Трајановски ќе биде нов потпретседател на СДСМ, Филипче обвинува и за економски колапс на државата
