Откриено како Фејсбук „краде“ на милијарда видео прегледи
Компанијата „Фејсбук“ неодамна соопшти дека на неговата социјална мрежи дневно се прегледуваат повеќе од осум милијарди видеа.
Но, како што јавуваат американските медиуми, тоа тврдење ќе беше навистина импресивно, ако не излезеше податоткот дека 17 милијарди од тие прегледи се „украдени“ од Јутуб, само во првиот квартал од 2015 година.
Според ова тврдење, видеата од Јутуб се „крадат“ и потоа се прилепуваат на Фејсбук, при што алгоритмот е така наместен што видеото на социјалната мрежа директно се поврзува со Јутуб и во исто време се бројат прегледите на двете платформи.
Истите извори тврдат дека Фејсбук се служи со лаги и за самите прегледи на видеата, затоа што едно видео се брои како „прегледано“, дури и ако само го пуштите на три секунди.
Така кога ќе ги прегледувате новостите на вашиот ѕид и налетате на видео на кое не сте кликнале, само ако застанете на него на три секунди, тоа ќе се брои како преглед.
Ново на Сител
-
Делегација на ЕУ донира 6 еколошки автобуси на ЈСП
-
Владата очекува конструктивна средба Сиљановска-Филипче
-
80 години од прогласувањето на македонскиот јазик како службен
-
„Мојот антикорупциски дневник“ - Младите против корупцијата преку едукација и отпорност
-
Хотелиерите оптимисти околу изградбата на автопатот
-
Преглед на вестите од светот
-
Банките чекаат официјален допис, бизнисот условите за унгарскиот кредит
-
Тема на денот со Петар Арсовски